• thumbnail
    < 1 Minute | 30252

    Шумското овошје – силна подршшка за нашиот имунолошки систем

Шумското овошје – силна подршшка за нашиот имунолошки систем

Затоплувањето на времето носи со себе и шаренолик избор на најразлични овошјe: јагоди, боровниви, капини или “чудесната” аронија – сите богати со многу витамини, минерали и останати корисни состојки. Згора на се варијациите на бои од цревни нијанси до темно сино ги прават овие овошја навистина особени.

Конечно е време за вкусно шумско овошје! Воочливите бои веднаш бодат очи кај секој кој ќе помине покрај некој зелен пазар или штандови со овошје: капини, јагоди, малини, боровинки, рибизла или брусница – изборот во овој период е навистина голем. Чудесната аронија, само ја дополнува оваа богата локална понуда на шумски овошја.

Шумските овошја се мали но моќни, и се вистински засилувач на нашиот имунолошки систем. Покрај интезивните вкусови, тие се богати и со витамини, минерали и останати корисни состојки. Јагодите особено го засилуваат имунолошкиот систем за време на летото со нивните високи дози на витамин Ц и цинк.

Шумското овошје има поволен дигестивен ефект и го намалува холестеролот бидејќи е богато со растелни влакна и пектини. Дополнително тие имаат и ефект на антиоксиданс поради црвените флавиноиди. Тие ја имаат улогата на чистачи на слободните радикали во распаѓање и со тоа ги заштитуваат клетките и имунолошкиот систем. Различните нијанси на темно црвено до темно сино се токму поради присуството на овие флавиноиди. Некои пак од нив, како рибизлите, боровницата или капините имаат и дополнителни природни бои. Тоа може лесно да го забележат сите кои уживаат во овие овие овошја по темно сината боја која ја оставаат нивниот јазик.

Рибизлите се понекогаш можеби и потценети, но тие се вистински шампиони со 150 различни подтипа и со тоа голема разноликост. Различните типови на рибизли се разликуваат и по вкус и по изглед: може да бидат од темно црвени, сини па дури и жолтеникави – сите со свои особености и вредности. Жолтеникавите до црвеникави каротиноиди на пример, имаат анти-воспалителни, па дури и анти-канцерогени својства.

Сѐ на сѐ, во овој период ништо не треба да не попречи во уживањето во овие ароматични и корисни овошја. Било како прилог во вашите мусли и јатки, како дополнителен вкус и боја во јогуртот, како џус за доручек или директно од грмушка во уста – жеддта за шумско овошје може да биде задоволена во секој момент!