• thumbnail
    < 1 Minute | 43006

    Тропски ананас – природен подобрувач на расположението

Тропски ананас – природен подобрувач на расположението

Дали сте често лошо расположени или имате промени во расположението кои ве тераат на нездрава храна? Постои едноставно но вкусно решение: Ананас! Кралот на овошјето ви го подобрува расположението и ве заситува.

Веселиот крал на овошјето

Ананасот е најпознато тропско овошје и со право е нарачен Крал на овошјето. Не само што е вкусен, туку е и корисен кога станува збор за здрава исхрана. Ананасот е богат со минерали, железо и манган, содржи многу витамин Ц, како и бетакаротен. Исто така го содржи и ензимот бромелаин кој му помага на дигестивниот систем.

Покрај ова, ананасот во себе има серотонин и ванилин. Тие имаат функција на подобрувачи на расположението.

Исто така позитивно влијаат врз чувството на ситост и врз вознемиреноста.

Влијание на ананасот на физичкиот изглед и убавината

Покрај тоа што имате корист од ананасот кога го јадете, тој исто така може да ви го подобри и надворешниот изглед. Свежиот сок од ананаси помага на оштетената од сонце кожа и дамките од стареењето.  Многу козметички препарати содржат ензими од ананас кои и помагаат на сувата и оштетена кожа да изгледа свежа и сјајна.

Совет: Можете во маската за лице да додадете пулпа од ананас за подобрување на изгледот.

На што да внимавате кога купувате ананас

Изглед: Сите можат да изгледаат исто однадвор, но има преку 100 различни видови ананас кои се разликуваат во големина. Свежиот ананас ќе го препознаете по зелените листови и по жолто-златниот плод.

Нанесување притисок: Кората на ананасот треба само малку да издржи притисок. Листовите треба да се отстрануваат многу лесно.

Мирис: Зрелиот ананас има сладок, ароматичен мирис посебно во делот околу дршката.

Чување: Ананасот не зрее после берењето. Може да се чува на ладно една до две недели, но не во фрижидер. Пресечениот ананас може да се чува два дена во фрижидер.

Како се сече ананас

Прво се сечат горниот и долниот дел, потоа кората. После ова тврдиот дел нема да биде проблем да се пресече. Уживајте!

Идеи за рецепти

Жолтата пулпа има супер сладок вкус. Одлична е за салати, десерти, смути, сок како што е Ананас-портокал-маракуја сокот на Раух. Но не се ограничувајте само на слатки оброци, пробајте и маринада од ананас за месо, зеленчуков оброк со парчиња ананас или грилуван ананас за здрава скара.

Факти: На што да внимавате кога купувате ананас

•          Зелени листови и жолто-златна пулпа
•          Да е малку мек плодот кога ќе го притиснете
•          Внатрешните листови можат лесно да се отстранат
•          Сладок, ароматичен мирис околу дршката

Автор: Олимпијазентрум Ворарлберг